Учество на гувернерката на НБРМ на дебатен форум организиран од Институтот за бизнис и менаџмент „Хајделберг“

Од:

Во чест на конститутивната седница на деканската управа на Институтот за бизнис и менаџмент „Хајделберг“ – Скопје, на 18 октомври 2018 година се одржа дебатен форум на тема „Перспективите за младите лица од полноправното членство на земјата во НАТО и ЕУ ‒ влијанија врз монетарната политика, бизнисот и пазарот на капитал“. На овој форум, свое излагање имаше и гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, во коешто укажа пред сѐ на ефектите од процесот на пристапување и од влезот во Европската Унија врз монетарната политика и работењето на централната банка. Во својот осврт, гувернерката посочи на важноста на Европската Унија, како институционално, економско и политичко сидро за целиот регион.

Притоа, таа се осврна на два аспекта. Првиот аспект е прашањето за влијанието на членството во ЕУ врз економијата во целина, а со тоа и предизвиците со коишто би можеле да се соочиме како еден од носителите на макроекономските политики. Вториот аспект го задира прашањето на ефектите од членство во монетарната унија, бидејќи економската интеграција е чекор кон монетарната интеграција и усвојувањето на еврото како единствена валута. На крајот, гувернерката заклучи дека предизвиците за централната банка од овој процес се повеќедимензионални ‒ макроекономски, институционални и оперативни.

Таа истакна дека за побрза интеграција и реална конвергенција е неопходен силен институционален капацитет и свесност на сите носители на политики за потребата од прудентни економски политики коишто ќе овозможат ефективно искористување на големите придобивки што ги нуди членството во Европската Унија.

Би можело да ве интересира

ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите

Катерина Ѓуровски

Народна банка: Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Советот на Народната банка на седница ги усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за 2024 година

Величковски: Приливите од странство ќе им бидат на располагање веднаш на граѓаните и на компаниите со влезот во СЕПА

Ангеловска-Бежоска: членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на финансиската интеграција во ЕУ, стабилноста и на модернизацијата