Турско-македонски бизнис форум во организација на МАТТО

Од:

Турција не е само еден од нашите најголеми политички сојузници, туку прераснува во еден од најдобрите економски партенри, порача премеирот Никола Груевски во обраќањето на турско-македонскиот бизнис форум во организација на Стопанската комора Македонија-Турција (МАТТО) што денеска се одржа во Скопје.

Билатералната трговија меѓу двете земји, нагласи, е зголемена за осум пати во последните две децении со што Турција е деветтиот најзначаен трговски партнер на Македонија.

– Се надевам дека потнцијалите за соработка меѓу двети земји и во иднина ќе бидат искористени, а уверен сум дека постојат огромни потенцијали за соработка. Ги повикувам турските инвеститори да ги искористат поволностите што ги нуди Македонија и да инвестираат. Очекувам денешниот бизнис форум да биде во таа насока, посочи Груевски.

Како Влада, додаде, се декларираме и максимално се трудиме да бидеме блиски и пријателски расположени кон бизнисот.

– Веруваме дека напредокот на државата во  голема мера зависи од напредокот на бизнисот и токму затоа сме  во постојан контакт и комуникација со стопанските комори и со компаниите во  Македонија. Разменуваме мислења со нив и примаме идеи кои ќе му помогнат на стопанството, рече Груевски.

Во соработка со стопанските комори, додаде, ќе вложиме напори за подобрување на деловната клима и подигнувањето на капацитетот на институциите во Македонија.

Потсети дека земјава е на 23. место во светот според добрата бизнис клима и ги истакна поволносите кои се нудат за странските инвеститори, како што се рамниот данок и вложувањето во технолошко-индустриските развојни зони.

Прашан каде ја гледа земјава по 10 години на економски и на политички план, рече дека ја гледа како членка на НАТО и на ЕУ.

– Не за десет години, туку и порано ја гледам Македонија како членка на Европската унија и на НАТО. Всушност членка на НАТО ќе бевме уште во 2008 година, а сега ќе бевме на крајот на преговорите со ЕУ за полноправно членство доколку на нашиот пат не се испречеше блокадата од  нашиот јужен сосед поврзана со нашето име и нашиот идентитет, рече Груевски.

Според степенот на реформи, нагласи, и степенот на модернизација и напредок, НАТО уште во 2008 објави дека земјата е целосно спремна да стане членка на Алијансата, а ЕУ уште во 2009 година оцени дека земјата е целосно подготвена за почеток на преговорите.

Претседателот на Управниот одбор на МАТТО, Тунај Ејуп Кавеџи истакна дека вкупните инвестиции од членките на МАТТО кои инвестирале или тргуваат со Македонија, а чии инвестиции се завршени или се во тек, досега изнесуваат една милијарда евра, а до 2015, како што посочи, очекуваат да достигнат до две милијарди евра.

– Една од основните цели на МАТТО е да создава силно лоби кај турските и македонските инвеститори, рече Кавеџи.

Побара турската лира да биде конвертабилна во Македонија и вети дека Истанбулскиот универзитет ќе отвори Универзитет во Македонија специјализиран за областа на технологијата и додаде дека се заинтетресирани и за отворање турска инвестициска област во Македонија.

МАТТО е оформена во 2008 година како невладина организација и во неа членуваат деловни луѓе од Турција и Македонија.

Би можело да ве интересира

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има смена на министри

Катерина Ѓуровски

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

СДСМ: Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала