Туристичките потенцијали со кои располага Македонија презентирани се пред претставници од туристичката индустрија од повеќе од 80 држави кои присуствуваат на Саемот ЕМИТТ што се одржува во Истанбул, Турција.
На саемот, кој е еден од најголемите и најпосетуваните во Европа, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ги промовираше природата, културата и отоманските споменици во Македонија, како и македонската традиција и туристички посети на градовите.
Делегацијата на Агенцијата оствари бројни средби со претставници на познати тур-оператори и компании кои дејствуваат во областа на туризмот како што се „Pegasus“, „Istanbul Yildiz“, „Sesa Travel“, „Tursab“…
Штандот на Македонија, како што информираат од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, го посетиле и турскиот министер за култура и туризам, Наби Авци и генералниот секретар на Светската туристичка организација, Талеб Рифаи кои искажале задоволство од учеството на Македонија на саемот и ги потенцирале нејзините природни убавини, споделувајќи ги личните импресии. Македонскиот штанд бил посетен и од македонскиот амбасадор во Турција, Живко Муцунски, конзулот на Македонија во Турција, Синиша Иванковиќ, како и економскиот промотор на Македонија, Филиз Вели.
На штандот на Република Македонија во Турција, ко-егзибитори се македонските тур-оператори Бадемтур, Генерал Турист, Фибула, Балкантиме и Вардар Експрес.