Туристичката понуда на Охрид презентирана во Москва

Од:

Во рамки на воспоставената практика на промоција на охридската туристичка понуда во европските метрополи туристичка презентација на Охрид денеска се одржа во главниот град на Руската Федерација.

Во хотелот „Златен прстен“ во центарот на Москва се одржа промотивна средба на претставници на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески, на која присуствуваа претставници на руски тур-оператори, туристички агенции, новинари и амбасадори на балканските земји.

Амбасадорот на Република Македонија во Руската Федерација Гоце Карајованов пред гостите ги нагласи поволностите што Владата на Република Македонија ги нуди во насока на привлекување странски туристи во Македонија.

Бакрачески од своја страна пред присутните се осврна на некои научни и историски факти што ја потврдуваат традиционалната поврзаност на Охрид и Охридската Архиепископија со рускиот народ и Русија.

– Охрид е вековна ризница на цивилизациите, отворен музеј, но и најпознат туристички центар на Република Македонија. Град, кој заедно со Охридското Езеро, едно од трите најстари езера во светот, е под заштита на УНЕСКО, и е се попрепознатлив како топ- туристичка дестинација во светот, град во кој очекуваме да имаме што повеќе посетители од Москва и Руската Федерација, рече тој.

Бакрачески ги повика присутните да дојдат во Охрид и Македонија и да почувствуваат дел од богатото културно, историско, духовно и природно наследство на Охрид.

На средбата беа презентирани и можностите за унапредување на соработката во делот на туризмот, пред се религиозниот туризам.

Средбата беше заокружена со видео-презентации на кои беа претставени убавините на Охрид и поединости од охридската туристичка понуда. Коктелот после средбата беше искористен за средби и разговори меѓу претствници на локалната самоуправа со претставници на туристичкиот бизнис во Русија, од кои произлегоа иницијативи за отпочнување конкретна соработка во туризмот.

Во насока на привлекување туристи од сите можни дестинаци, Општина Охрид планира во септември да организира промотивна тура за презентација на охридската туристичка понуда, во које е предвидено и присуство на руски туристички субјекти.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ