Турците најбројни туристи во Охрид

Од:

Главната туристичка сезона во 2014  според стаитистичките податоци не е послаба во споредба со минатата година, сметаат во локалната самоуправа во Охрид.

Раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој (ТЛЕР) Ѓоко Апостоловски посочи дека слично на минатата и оваа сезона најбројни туристи во Охрид биле гостите од Турција со реализирани 9.717 посети и 14.405 ноќевања, по што следуваат Холанѓаните со реализирани 7.500 посети и остварени 43.500 ноќевања. Според бројот посети следуваат соодветно туристите од Бугарија, Полска, Србија, Грција, Словенија, Хрватска, Албанија, Германија…

Анализирајќи ги статистичките податоци беше посочено дека дополнителна причина што не се остварени уште подобри резултати оваа сезона се и објективните фактори, односно лошите временски услови во текот на месеците јуни и јули, како и новите светски трендови на поместување на периодот на користење на годишните одмори од јуни во септември.

Истовремено, според профилот на потрошувачката категоризација, најбројни во Охрид се гости кои во просек трошат меѓу 10 и 30 евра дневно.

– Мора да се има предвид фактот дека гостите од највисоката буџетска категорија бараат и соодветни услуги од висока категорија. Во насока на привлекување на таквата категорија гости во Охрид за во иднина се и плановите за изградба на неколку луксузни хотели што треба да бидат изградени наредните неколку години, рече Апостоловски.

Во текот на сезоната спроведени се и истражувања во чии рамки се анкетирани 104 домашни и 64 странски гости, и врз основа на нив и на статистичките податоци ќе се темели стратегијата на локалната самоуправа за наредниот период.

Претставници на локалната самоуправа од секторите за туризам денеска ќе одржат состанок со претставници на хотелиерите и угостителските субјекти од градот, на која ќе се дискутира за сите забелешки од анкетните листови што ги пополнија гостите кои летово престојуваа во Охрид, со цел натамошно подобрување на позитивните видувања на гостите како и за конкретни активности што би се преземале во иднина за надминување на негативностите посочени токму од туристите.

– Сметам дека преку заедничка работа со туристичките работници и Факултетот за туризам и  угостителство, врз научна и практична основа, ќе ги базираме нашите натамошни активности за во иднина да овозможиме уште подобри услови за гостите и да оствариме уште поголема бројност на туристите што ќе доаѓаат во Охрид, истакна Апостоловски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on