Турција соопшти дека постигнала договор за нафтени истражувања во Северен Ирак

Од:

Турција соопшти дека државната нафтена компанија на земјата постигнала договор со американската компанија Ексон Мобил за нафтени истражувања во Северен Ирак.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека договорот е „чекор кон дупчење за нафта“ во Ирачки Курдистан. Деталите од договорот ќе бидат објавени по неговата посета на Вашингтон.

САД и ирачката централна влада се противат на можноста регионалната влада во Ирачки Курдистан да може да потпишува договори без одобрение од Багдад. Тие стравуваат дека тоа може да го загрози ирачкото единство и стабилност.

Не е познато дали Багдад го одобрил турскиот договор. Турција, која се стреми да ги зголеми своите енергетски резерви, го поддржува ставот на Курдите дека ирачкиот устав овозможува на нивниот регион извршна власт за потпишување независни нафтени и гасови договори.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот