Турција предлага да се стави крај на „хегемонијата“ на доларот, со тоа што наместо американската валута во трговијата со Русија да се користи турската лира или руската рубља, пишува денеска турскиот весник „Ѓунеш“.
– На тој начин корист ќе имаат и Турција и Русија, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Таа идеја тој ја претставил пред рускиот претседател Владимир Путин за време на разговорите во вторникот во Санкт Петерсбург.
– Во една таква ситуација доларот ќе се обезвредни и ќе се спасиме од притисокот на курсот, посочил турскиот претседател.