Турција до април ќе го отплати долгот кон ММФ

Од:

Турција ќе ги врати преостанатите 1,3 милијарди долари долг на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) до април следната година, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на конгресот на владејачката партија во Анкара.

Во минатото, турската влада се потпираше на кредити од ММФ, со цел да го компензира недостатокот од финансиски средства, но од 2008 година успева тоа да го стори без помош од Фондот. Постепено го намалува долгот кон ММФ, кој на крајот на мај изнесуваше 1,9 милијарди долари.

Презедовме повеќе од 23,5 милијарди долг. Сега имаме 1,3 милијарди од долгот и тоа ќе го сведеме на нула во април. Тукушто одржуваме технички разговори, рече тој на Конгресот на својата “Партија на правда и развој”. Ердоган е премиер на Турција од 2003 година.

Турција последниот стенд-бај аранжман со ММФ го склучи 2005, а тој истече во мај 2008 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски