Трошоците на живот во март бележат зголемување од 2,7 отсто на годишно ниво

Од:

Трошоците на живот во март бележат зголемување од 2,7 проценти на годишно ниво, а цените на мало се зголемени за 2,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во однос на февруари, трошоците на живот се намалени за 1,3 проценти, а цените на мало за 0,9 проценти.

Намалувањето на инфлацијата во март е резултат на намалувањето на трошоците на животот во делот на храната и безалкохолните пијалаци за 3 проценти, Транспортот за 1,8 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,6 проценти, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,5 проценти и Разновидни стоки и услуги за 0,3 проценти.

Зголемување на трошоците на животот во однос на февруари има во групите: Домување, вода, електрика, гас и други горива и Облека и обувки за 0,4 проценти, Ресторани и хотели за 0,3 проценти, Комуникации и Здравје за 0,2 проценти и Рекреација и култура за 0,1 процент.

Во групата Образование трошоците на живот остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Нема реална опасност од ширење на пожарот над селото Чучер и нема потреба од паника

А1он

(ВИДЕО) Aнгелов: Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари

Горан Наумовски

ДЗС: Двајца пензионирани пилоти годинава ќе гаснат пожари со „Ер тракторите“

Зголемена стапката на морталитетот во Македонија, повеќе умираат мажите

Стојанче Ангелов е именуван за в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување

Левица: Тошковски ја штити фамилијата Салиу која раководи со ДЗС