Трипуновски: Власта вработила 480 лица во ЈП Македонски шуми, за да се зголеми ефикасноста на претпријатието, а резултатот е под нула

Од:

Власта во 2022 година во ЈП Македонски шуми вработила 480 луѓе за период од 1 март до 31 декември, а овие вработувања требало да ја зголемат продуктивноста на јавнто претпријатието, односно да се зголеми сечата на дрва. Резултатот од тие вработувања е еднаков на нулата. Имено реализацијата на сеча на огревно дрво е за 4 пати помала сега во однос на времето кога ВМРО-ДПМНЕ управуваше со Македонски шуми рече на прес конференција претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски.

– Овие 480 вработувања се за работните места, сечачи, дотурачи, редач-утоварач-истоварач и шумски работници за кои што Македонски шуми ќе одвои 170.000 евра месечно за плати, односно за 10 месеци ќе се потрошат 1,7 милиони евра. Од профилот треба да се заклучи дека реализацијата требала да се зголемува, а не кататстрофална реализација како што е сега. И сето ова би било во ред доколку ЈП Македонски шуми си ја вршеше обврската и ја обезбедеше потребна количина на огревно дрво имајќи во предвид дека според Државниот завод за статистика над 50 проценти од домаќинствата огревното дрво го користат како главен енергенс за затоплување на домовите. Впрочем, власта наместо со новите вработувања да ја зголеми ефикасноста, таа вдомува свои партиски војници во институциите кои не ги извршуваат своите работни задачи, со огледа дека сечата на огревно дрво од страна на ЈП Македонски шуми, нема ниту 20 проценти, а граѓаните се препраќаат во приватните складишта каде цената на метар кубен дрво достигнува и над 5000 денари рече Трипуновски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата