Трипуновски: Додека АД Водостопанство е загубар, со неисплатени плати на 600 вработено и долг од 58 милиони, директорот Лимани испраќа 12 вработени на екскурзија во Грција

Од:

Додека над 600 вработени во АД Водостопанство се оставени без плата и здравствено осигурување, а сметката на истото е блокирана од УЈП поради долг од 58 милиони денар, директорот Локман Лимани испраќа 12 вработени на четири дневна екскурзија во Грција“, вели Цветан Трипуновски претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Институциите не функционираат, земјоделците се целосно заборавени, нивите се оставени без систем за наводнување, директорот наместо да почне да ги решава проблемите, испраќа учесници на екскурзија во соседна Грција.

За срамот да биде поголем, Управата за јавни приходи на терен ги прибира податоците од возилата и багерите во сопственост на претпријатието, се со цел преку заплена на истите, а потоа и нивна продажба да го наплати неисплатениот данок на АД Водостопанство.

Само за информација, во септември месец, МЗШВ додели финансиска помош од 200 милиони денари за исплата на 3 задоцнети плата на вработените.

Ова претпријатие е загубар, а вработените го трпат неработењето и неспособноста на владеењето на Лимани и Николовски.

Македонија тоне на секое поле, и на ова мора да се стави крај.

Бараме на следната седница на влада, итно разрешување на директорот Лимани и министерот Николовски кои се најодговорни за ваквото недомаќинско работење“, соопшти Цветан Трипуновски претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Обвинителството да не молчи и да постапи во случајот со Онкологија

СДСМ: Власта создаде хаос и го врати македонското образование една деценија назад

Лефков: Мафијата на смртта поддржана од Филипче за три години земала 35 милиони евра тендери само од Онкологија

Мафија на смртта е виновна за колапсот на Онкологија според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ им одговори место авион да набават лекови

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: СДС ќе исчезне како Груби, со секој поминат ден како не се извинуваат, губат

Катерина Ѓуровски

Јанчева: Додека скопјани се гушат, ДПМНЕ ги намали парите за чист воздух во Буџетот на Скопје за 10 пати