Трипуновски до Николовски: Додека ти шеташ на државна сметка, над 800 сточари не можат да ги земат субвенциите заради правни нелогичности

Од:

„Согласно активностите кои што ги имам изминатиот период денеска сум во посета на светиниколско во средба со сточарите од овој регион. Разговараме за актуелните состојби во овчарството и останатите гранки и со оние реални ситуации и проблеми со кои се соочуваат земјоделците од овој регион“, рече Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ја користам оваа прилика да упатам сериозна критика и укажам до власта, МЗШВ, до Агенцијата за храна и ветеринарство и до ЈП За пасишта, имено станува збор за нелогично одбивање на сточарите ширум државата, кои што по пратен список од Агенцијата за храна и ветеринарство кое што го имам заедно со мене, на списокот има преку 400 земјоделци сточари од Македонија одбиени заради изречена мерка едукација. Ова е практично правна нелогичност за овие земјоделци да не ги добијат субвенциите кои што ги чекаат за да го опстанат своето стопанство.

Но, ова не е единствениот список. Имено, ЈП за стопанисување со пасишта исто така има испратено список со преку 400 сточари ширум државата, кои што исто така се ставени на списокот да не добијат субвенции заради неплатена пашарина.

Во разговор со сточарите добив сериозно укажување и докази дека истите ги имаат платено обврските спрема државата, а во едно се на списокот кој што е за добивање.

Значи, станува збор за преку 800 сточари од Република Македонија кои без основ ќе бидат одбиени за субвенции, а овие субвенции им се многу потребни во време на економска криза и двоцифрена инфлација која што ја зафаќа нашата држава.

Додека министерот заедно со директорот на АХВ денеска е на службено шетање во Република Хрватска, сточарите се соочуваат со вакви правни бариери и не можат да дојдат до средствата кои што неминовно им се потребни.

Затоа ја користам уште еднаш оваа прилика да упатам сериозно укажување на државните функционери, министерот, директорите на АХВ, Платежната агенција, ЈП Стопанисување со пасишта сериозно да си одговорат на своите работни задачи, да ги исправат овие грешки и земјоделците да ги добијат субвенциите кои што им се неминовни во овие тешки времиња.

Се надевам дека ќе се озванат на ова укажување и ќе излезат во пресрет на сточарите кои што секојдневно се јавуваат по институциите и не знаат каде да се обратат за да си го решат овој горлив проблем.

Исто така сакам да упатам и еден апел дека тешките времиња на земјоделците набрзо ќе завршат затоа што на наредните предвремени парламентарни избори доаѓа сериозна влада која што сериозно ќе работи на решавање и превенирање на земјоделскиот сектор ширум Република Македонија“, изјави Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски ќе го добие мандатот, за да формира влада треба во Собрание да помине реорганизацијата на министерствата

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Обвинителство наводно истражува заговор, власта и директорите на Хирургија се договараат

ВМРО-ДПМНЕ: Доктор тендер корона Филипче, стани Цаци и Јово грант – ова е иднината на партијата која на тацна и ја даде државата на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали за 120.000 евра санација на Хирургија која не е направена е колабиран цел здравствен систем

(ВИДЕО) Стоилковски: Директорите да кажат колку операции и зафати се откажани, одбиени, препратени од Хирургија во овие 15 дена

15-ти ден Хирургија не функционира, државата е парализирана заради неспособноста на СДС и ДУИ обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски