Трибина „Либерализација на електроенергетскиот сектор во Македонија“

Од:

Трибина на тема „Либерализација на електроенергетскиот сектор во Република Македонија“ ќе се одржи денеска по повод 55-годишнината од основањето на Факултетот за електротехника и информациски технологии и 20 години од основањето на Македонскиот комитет за големи електрични системи.

На трибината ќе говорат истакнати стручни лица и претставници на институциите и компаниите во Република Македонија, како и гости од странство.

Поканети панелисти се Марко Бислимовски од Регулаторната комисијата за енергетика, Антонио Ивановски од ЕЛЕМ, Кирил Ачковски од МЕПСО, Гунтер Брамбек од ЕВН, проф. Кочо Анѓушев од ЕДС, Ејвинд Магнус од ТЕМА Консултинг групата од Норвешка, и проф. д-р Весна Борозан од ФЕИТ.

Се очекува тие да дадат осврт на досегашното искуство и нивните очекувања од либерализацијата на електроенергетскиот сектор во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство