Трговската размена во првите пет месеци 4,3 милијарди долари

Од:

Вкупната трговска размена на стоки во периодот јануари – мај 2013 година е 4.303.003.000 американски долари. Извозот изнесува 1.642.278.000 долари, а увозот 2.660.725.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 61,7 отсто, а трговскиот дефицит е 1.018.446.000 долари.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта.

Во увозот најзастапени се нафтените масла и масла добиени од битуменозни минерали, освен сурови, платината и легурите на платина, необработени или во прав, руди на никел и нивните концентрати и електричната енергија.

Најголемо учество во извозот имаат земјите-членки на ЕУ, 70,5 отсто, и земјите од Западен Балкан, 20,3 проценти, додека во увозот членките на ЕУ, 58,2 отсто, и Останати земји, на друго место неспомнати 12,3 отсто.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена Македонија најмногу, 49,2 отсто, тргува со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он