24sata.rs
За разлика од европските маркети во кои на посебни полици храната која е пред истек на рокот на траење се продава по пониска цена и до 70 отсто, во Србија овој начин на продажба не постои. Српските трговци, посебно тие помалите, користат разни трикови за да ни продадат стока со поминат рок на траење, а најчесто успеваат во тоа – пишува весникот 24сата.рс.
Лимонтус и камилица за свеж изглед на месото
За да делува посвежо, во месото се додаваат винобран, лимонтус и витамин Ц, кои вештачки му го продолжжуваат рокот. Исто така, пилешкото, свинското и јунешкото месо се потопуваат во чај од камилица за да се изгуби непријатниот мирис од долгото стоење.
Светлото и зачините го кријат бајатото месо
Во некои месарници фрижидерите имаат црвено или виолетово светло со кое месото на купувачите им изгледа како тукушто излезено од кланица. Месото кое веќе почнало да ја менува бојата и да се суши од стоење, месарите го валкаат во пикантни зачини и во зејтин, па го продаваат како мариниран специјалитет, а најлесен начин некому да му се подметне бајато месо е од него да се направат плескавици и ќебапчиња.
Вода и мраз за зеленчукот
Зеленчукот, најмногу зелената салата, зелката и кељот, трговците ги прскаат со вода во која има малку детергент за садови за да бидат посјајни и да изгледаат посвежо. Овошјето и зеленчукот трговците често ги држат на мраз за да изгледаат свежи подолго време, а се случува да го премачкаат и со тенок слој зејтин, за да изгледа сјајно како штотуку набрано.
Бајатата храна се продава рефус
Сопствениците на помали продавници стоката на којa и истекол рокот на траење ја распакуваат и ја продаваат на мерење. Тоа го прават со бомбоните, пудинзите, кексите.
Рок на траење – непознат
Трговците често го препечатуваат рокот на траење, или го прелепуваат со хартија на која пишува значително подолг рок отколку што навистина е. Доколу е можно, рокот на траење го размачкуваат, па наместо денот и месецот се гледа само размачкана црна дамка. Доколку рокот е отпечатен на пластична амбалажа, трговците најчесто само го гребат.