Тргачевски: Царината потврди дека „Санос“ нема направено извоз на автобуси

Од:

„Нов ден, нова измама и нова лага на СДС и Зоран Заев излегува на виделина. Скандалот со „Санос“ добива огромни размери.

Царината потврди дека „Санос“ нема направено извоз на автобуси, а Заев и неговата влада направиле измама со промоција на нови автобуси. Очигледно тие свесно ја лажеле и манипулирале јавноста. Оваа потврда која доаѓа од Царината отвори сериозни сомнежи дека можеби се работи за голем криминал со перење на пари и неоснован поврат на ДДВ. Зоран Заев со самиот факт што промовираше ваква конструкција од приказна е класичен соучесник и помагач.

Заев самиот кажа дека ќе доделува директни бенефиции од државата за секое ново работно место, за секој нов продукт, за секое ново производство во фирмата „Санос“. Тој самиот рече дека му е големо задоволство да биде присутен на промоцијата на автобуси во „Санос“.

Вистината по се изгледа е сосема поинаква. Вистината е дека нема производство на нови автобуси во „Санос“. Вистината е дека нема никаков извоз. Впрочем каков извоз да се очекува од фирма која според официјалните податоци од Агенцијата за вработување има само 3-ца вработени.

Ова е скандал. Ова е веќе работа со која треба да се позанимава обвинителството. ВМРО-ДПМНЕ го повикува пред се Јавното обвинителство на Република Македонија, а потоа и МВР и Финансиската полиција, да постапат согласно нивните законски надлежности и да ја разоткријат сомнителната шема во која и Заев има своја улога.

Граѓаните тоа секој ден го гледаат и се уверуваат во лагите и малверзациите на новата влада на СДС и Заев. Граѓаните ова ќе го прекинат со голем пораз кој ќе му го испорачаат на Заев и на СДС на претстојните избори“, изјави Александар Тргачевски, ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата