Третиот пакет помош за Грција ќе биде финансиран од европскиот буџет

Од:

Третиот пакет финансиска помош за Грција ќе биде делумно финансиран од европскиот буџет, но ќе биде значително помал од претходните два пакети помош за земјата, објави денеска германскиот весник „Зидојче цајтунг“.

Весникот се повикува на изјава на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, кој вчера ја истакна потребата од нова програма за помош на Грција, истовремено исклучувајќи ја можноста за ново „бришење“ на грчкиот долг.

Според „Зидојче цајтунг“ се разгледува можноста на Атина да и биде обезбеден дополнителен капитал од структурните фондови на ЕУ со цел да се поттикне растот на економијата и да се овозможи ослободување национален капитал за сервисирање на грчкиот долг.

Од почетокот на финансиската криза помошта, доделена на Грција од ЕУ и ММФ веќе надминува 245 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата