Тренов: Заев ги излажа земјоделците, ќе им ги крати субвенциите

Од:

„Заев ги излажа земјоделците. Тој ќе им ги крати субвенциите. Заев едно ветува во кампања, друго прави кога е на власт.

Заев пред избори ги излажа земјоделците. Тој во кампања рече: „Вие сте мојот народ, а јас имам работено земјоделие и ја знам земјоделската мака“, ова се зборовите на Зоран Заев на митинг на СДС во Неготино од 28.11.2016 година.

Само 10 месеци подоцна Зоран Заев јавно кажува дека нема да има субвенции за земјоделците кои нема да можат да остварат поголемо производство за 10% од претходната година.

Македонските земјоделци се фрапирани со која леснотија Заев од позиција на власт вели: – „Немаш бе брат субвенции оти си на исти обем на производство од лани“!

Ова е потценување на илјадници земјоделци, чиј основен извор на егзистенција е земјоделието. Сега од позиција на власт гледаме како јавно ги понижува земјоделците.

Лицемерието на Заев е разоткриено. Граѓаните ќе го казнат Заев за сите манипулации и за сета штета која и ја нанесува на државата, и на економијата, на претстојните локални избори на 15-ти октомври“, изјави Ромео Тренов, ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата