Трамп објави дека кралот Салман го зголемува производството на нафта, од Саудиска Арабија нема потврда

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека од саудискиот крал Салман добил уверување дека „поради немирите во Иран и Венецуела”, Саудиска Арабија ќе го зголеми производството на нафта „можеби до два милиона барели”, а потоа државната саудиска агенција објави вест во која тоа не е споменато.

– Штотуку разговарав со кралот на Саудиска Арабија Салман и му објаснив дека поради превирањата и дисфункционалноста во Иран и Венецуела, барам Саудиска Арабија да го зголеми производството на нафта, можеби и 2.000.000 барели, за да се надомести разликата. Премногу високи цени. Тој се согласи, напиша Трамп на Твитер.

По еден час откако американскиот претседател ја напиша објавата, државната новинска агенција (СПА) објави вест за телефонскиот разговор на Салман и Трампа, но без да наведе детали.

– За време на разговорите, двајцата лидери ја истакнаа потребата за одржување на стабилност на нафтениот пазар и растот на глобалната економија, се вели во соопштението, кое го објави СПА.

Во него се додава дека Трамп и Салман се согласиле дека земјите, кои произведуваат нафта „треба да го компензираат потенцијалниот недостаток на испорака”.

Белата куќа подоцна ја коригираше изјавата на американскиот претседател дека кралот на Саудиска Арабија Салман ветил дека ќе го зголеми производството на нафта за два милиона барели.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Економска офанзива на Белата куќа, Трамп вложува милијарди, бара пониски каматни стапки

Администрацијата на Трамп го укина безвизниот режим за Романија

Горан Наумовски