Трајко Славески е предложен за нов гувернер на Народна банка

Од:

Професор Трајко Славески е предложен за гувернер на НБРМ. Тој е изборот на претседателката Гордана Силјановска Давкова.

„При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот. Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати“, велат од Кабинетот на Силјановска-Давкова.

За Славески сега треба да се изјаснат пратениците.

Трајко Славески е актуелен претседател на Советот на Град Скопје. Има богата академска и политичка кариера.

Редовен професор е на Економскиот факултет при УКИМ. Јавноста го памети и како министер за финансии.

Тој е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ.

Мандатот на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска истекува утре.

Ангеловска Бежоска стапи на функцијата на 22 мај 2018 година.

Функцијата гувернер на централната банка пред Ангеловска Бежоска ја извршуваше Димитар Богов (2011-2018), а претходно Петар Гошев (2004-2011), Љубе Трпески (1997-2004) и Борко Станоевски (1986-1997).

Би можело да ве интересира

СДСМ: Трајко Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи

Славески: Централната банка треба да се фокусира на трите основни цели, а една од нив е поддршка на политиките на Владата

Трајко Славески е новиот гувернер на Народната банка на Македонија

Вечерва продолжува собраниската расправа за именување на Славески за гувернер на Народна банка

Гувернерското место на Трајко Славески пред пратениците

Катерина Ѓуровски

Спасовски: Славевски нема да добие поддршка од опозицијата