Анализирајќи ги податоците од анкетните листови, објавени на сајтот на Државната комисија за спречување на корупцијата, новинската агенција „Нетпрес“, ја објави листата на ТОП-најбогати градоначалници.
На неа има и изненадувања. За многумина за кои јавноста обвинуваше дека се енормно богати или ги нема или се подолу на листата.
Еве ја анализата на „Нетпрес“.
На прво место, или најбогат е градончалникот на Центар Жупа, Мазлум Хасан.
Хасан поседува куќа со двор од 600 метри квадратни во Венеција, Италија вредна 60 милиони денари. Во Венеција има уште една куќа од 32 милиони денари, има куќа во село Коџаџик од 1.600 метри квадратни вредна 30 милиони денари. Има и три автомобили, “мерцедес“, “ауди“ и “лада нива“ со вкупна вредност од околу 11 милиони денари и еден автомобил на неговата сопруга “бмв х-5“ вреден 3,3 милиони денари.
Има и семејните бизниси во Венеција. Фирмата која е на име на неговите деца “Стар Хаус“ е проценета на 733 милиони денари. Во анкетниот лист стои и фирмата на неговиот брат “Стар Системи“ вредна 61 милиони денари, фирмата на неговата сопруга “Стар Хаус – Имобиларе“ е со исто толкава вредност.
Хасан поседува уште две фирми во Скопје со проценета вреднос од 12 и 15 милиони денари“, анализира Нетпрес.
На второ место е градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Неговото богатство се проценува на над 300 милиони денари.
Највреден имот на Алексовски е неговиот шпедиторски бизнис проценет на вкупна вредност од 30 милиони денари, а фирмата на неговата сопруга вреди шест милиони денари“ , Нетпрес.
На трето место е градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ кој располага со богатство од близу 200 милиони денари.
Тодоровиќ има заштеда од половина милион евра орочени во НЛБ Тутунска банка, за кои на секои три месеци добива камата од 8.000 евра“ , објавува Нетпрес