Тимоние: Можно е француски компании да ја купат „Еурокомпозит“

Од:

Француски компании ќе имаат сериозен интерес за купување во фабриката за наменско производство „Еурокомпозит 11 Октомври“ откако работите во оваа фирма во државна сопственост ќе се доведат во нормала, рекол францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на средбата со градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

„Акцентот на денешната средба е воспоставување и унапредување на Франкофонијата во Прилеп и разговорите за ‘Еурокомпозит’, како потенцијална можност за нејзино купување од страна на француска компанија. Се надевам дека средбите што денеска ќе ги оствари францускиот амбасадор и со прилепските компании ќе дадат плод и дека соработката меѓу двете држави ќе продолжи. Со амбасадорот Тимоние разговаравме за проект што сакаме да го реализираме со една невладина организација, а којшто е поврзан со туризмот. Станува збор за Мариово, каде што заедно со француската амбасада планираме да направиме еден туристички водич за патот, по кој минувале француските војници до Солунскиот фронт, во Првата светска војна“, изјави градоначалникот Јованоски.

Амбасадорот Тимоние потенцираше дека оваа е негова прва официјална посета на Прилеп.

„Причината поради којашто допатував со аташето за одбрана е посетата на повеќе претпријатија. Од порано се познати проблемите со кои се соочува ‘Еурокомпозит’. Станува збор за претпријатие со традиција што се обидува да најде потенцијални партнери. Станува збор за многу важна работа, но треба самите стопанственици да најдат заеднички јазик за соработка. Она што можам да го кажам е дека ние навистина ќе направиме сè за добро да ги информираме француските индустријалци и бизнисмени, за нивно евентуално инвестирање во оваа фабрика. Но, за да се постигне тоа, потребно е тие прво да бидат добро информирани“, порача амбасадорот Тимоние.

Би можело да ве интересира

Уплатени 1, 7 милиони евра за заостанатите придонеси на работниците од „Еурокомпозит“

Ана Ололовска

Протест на поранешни вработени во „Еурокомпозит“, бараат исплата на придонесите за 6,5 години

Ана Ололовска

Работниците од „Еурокомпозит“ бараат да им се платат заостанатите придонеси и најавуваат протести

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Чулев: Кривична пријава против директорот на „Еурокомпозит“, Златко Гроароски, за злоупотреба на службената положба

Ана Ололовска

Вработените во Еурокомпозит протестираат и прашуваат зошто ги нема во владините мерки за помош

Ана Ололовска

Вработените во „Еурокомпозит“ бараат Владата да каже дали има мерки за нив

Ана Ололовска