Тевдовски: Затекнавме негативни стапки на раст, но сега економскиот раст забрзува

Од:

Ако во 2017 година затекнавме негативни стапки на раст во економијата, во текот на годината економијата почна да закрепнува, за во 2018 веќе да се засили трендот на раст. Очекувањата се дека овој позитивен тренд ќе продолжи и годинава, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски по средбата со директорката на Светска Банка за Западен Балкан Линда Ван Гелдер, во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка, што се одржуваат во Вашингтон.

-Затекнавме негативен економски раст на почетокот на 2017 година и одлично е што економијата закрепна и растот се придвижи. Така последниот квартал на 2018 година економијата заврши со раст од 3,7 отсто. Важно е што податоците од првите два месеца од годинава се позитивни. Индустриското производство расте со стапка од 10 отсто, извозот со стапка од 6,8 отсто, рече Тевдовски.

Тевдовски, како што соопшти Министерството за финансии, посочи и дека на средбата со Светска банка било истакнато дека набргу на Борд на директори Банката ќе го одобри пакетот проекти во вредност од 420 милиони долари.

-Ние очекуваме дека следниот месец, Светска банка на својот Борд ќе ја одобри стратегијата за соработка со нашата земја, со Северна Македонија за следниот период, каде што ќе бидат обезбедени 420 милиони долари со кои што ќе се финансира изградба на локални патишта, но и на различни начини ќе се вложува во подобрување на човечкиот капитал во нашата земја. Со тоа ќе се обезбеди подобрување на животниот стандард на граѓаните на Северна Македонија-рече Тевдовски.

Делегацијата предводена од министерот за финансии и гуверенерот на Народната банка Анита Анегловска – Бежоска учествува на Пролетните средби ММФ и Светска банка, кои се одржуваа во Вашингтон. Во рамки на средбите предвидени се повеќе состаноци на делегацијата со високи претставници на Светска банка, ММФ, ЕИБ и други финансиски институции.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска