Тевдовски: Работиме на подобрување на деловна клима и постепена фискална консолидација

Од:

Реформи во насока на подобрување на деловното окружување и постепена фискална консолидација, најави министерот за финансии Драган Тевдовски на конференцијата по повод започнување на изработка на Програмата за економски реформи 2019-2021. На конференцијата присуствуваше амбасадорот на Европската унија во Македонија Самуел Жбогар и сите инситуции кои се вклучени во подготовката на реформскиот документ кој се доставува до ЕУ.

Тевдовски најави реформи во насока на прецизирање на надлежностите на инспекторатите, за поголема предвидливост на деловното окружување и подобра деловна клима. Тој исто така посочи дека до крајот на оваа година ќе се донесе и нов закон за буџети, кој предвидува среднорочно буџетирање и воведување фискален совет.

Како што истакна министерот за финансии, се работи на постепена фискална консолидација, преку мерки и на приходната и на расходната страна. Тевдовски најави дека ќе се преземат мерки за подобро таргетирање на социјалните придонеси и субвенции, како и дека Министерството за труд и социјала и Министерството за земјоделство веќе работат програми со Светска банка и Европска комисија во таа насока.

Тевдовски на конференцијата се осврна и на претходната Програма за економски реформи и рече дека Македонија имала најдобро остварување во реформите претходната година од сите останати земји претенденти за членство во ЕУ.

– За првпат имаме јасна и кредибилна стратегија за реформи во јавните финансии, подготвена заедно со ЕУ. Таа содржи акционен план за подобрување на сите поважни елементи на системот на јавни финансии во следните три години. Значително е подобрена транспарентноста. Денес граѓаните имаат увид во тоа како се трошат државните пари. Се објавуваат граѓански буџети, како и низа извештаи за извршување на буџетот, кои порано не беа достапни на јавноста. Јавно се достапни и договорите за јавни набавки на институциите, а со новиот закон ќе бидат достапни и сите понуди доставени на тендерите, рече Тевдовски.

Амбасадорот на Европската унија Самуел Жбогар, исто така посочи дека Македонија имала најдобро остварување во спроведувањето на реформите минатата година во однос на сите други земји, како и дека го подобрила сопствениот резултатот во однос на претходните години.

– Достигнат е видлив прогрес во управувањето со јавните финансии. Земјата започна со имплементирање на реформската програма која ја усвои, а и драстично е подобрена фискалната транспарентност. Народната банка во континуитет спроведува стабилна монетарна политика, одржувајќи го нивото на денарот и ценовната стабилност. Владата го лимитираше носењето на закони по скратена постапка. Исто така, сега сите министри се обврзани да ги објавуваат законите на ЕНЕР за јавна консултација. Усвојувањето на стратегијата за образование содржи чекори за подобрување на квалификациите на наставниците, рече Жбогар.

Програмата за економски реформи е сеопфатен документ за економското управување, кој земјите аспиранти за членство се обврзани да го поднесуваат до Европската комисија секоја година. Програмата 2019-2021 треба да се достави до Европската комисија до 31 јануари 2019 година.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска