Тевдовски: Постигнати се сериозни резултати во намалувањето на јавниот долг

Од:

Министерот за финансии Драган Тевдовски смета дека се направени сериозни резултати во делот на намалувањето на јавниот долг. Според него, јавниот долг е стабилизиран и спречено е да расне во иднина.

– Имаме остварено сериозни резултати. Ако јавниот долг од 2008 до 2016 година се зголемуваше од некаде 23 проценти од БДП на 48,8 проценти од БДП, на крајот на 2017 година изнесуваше 48,7. Апослутно имаме остварено резултати, изјави денеска Тевдовски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со пролетниот редовен економски извештај на Светска банка.

Од Светска банка вчера посочија дека јавниот долг во државата сега е на ниво од 49 проценти од БДП и треба да се спроведат политики кои ќе спречат негово натамошно зголемување.

– Македонија сега е на ниво на 49 проценти од БДП, што може да се каже дека е умерено ниво на долг, меѓутоа има многу економии во Европа кои имаат помал долг коишто можат побрзо да растат, така што треба да се направи рамнотежа помеѓу одржливите финансии и во исто време изноѓање на политики коишто ќе го поттикнат растот, изјави вчера Сања Маџаровиќ Шујстер, виш економист за СБ во регионот.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска