Тевдовски: Нема потреба од ребаланс на буџетот за одвоените средства за референдумот

Од:

Средствата одвоени за референдумот од 80 милиони денари се од резервни функции на државата и тоа нема да предизвика ребаланс на Буџетот.

Ова го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски одговорајќи на новинарски прашања при денешната посета во Велес.

– Точно ќе бидат обезбедени 80 милиони денари, а апсолутно нивната големина не би предизвикала ребаланс на Буџетот. Тоа е доделено како план за трошење од резервните функции на државата, изјави Тевдовски.

За тоа како ќе се трошат средствата појасни дека Собранието е овластен предлагач и според законот тоа има право да ги користи овие средства.

– Сега е работа на Собранието и според законот тоа има право да ги користи овие средства. Мислам дека има повик до сите пратенички групи да искажат потреба и дали ќе бидат вклучени во кампањата, но тоа е работа пред се на Собранието. Ние обезбедивме средства од овластениот предлагач од Буџетот на Р. Македонија, истакна Тевдовски.

Одговорајќи на новинарско пашање за наследените долгови на општините, Тевдовски рече дека постојано се анализира состојбата, посочувајќи дека не само во единиците на локалната самоуправа, туку и во централниот буџет се наследени големи долгови.

– Ние постојано ја анализираме состојбата, бидејќи не само во единиците на локалната самоуправа, туку и во централниот буџет ние наследивме големи долгови, значи брзорастечки јавен долг, со многу неплатени, а преземени обврски. Ја анализираме состојбата и во тој дел кога ќе имаме нешто како одлука ќе го соопштиме транспарентно на јавноста, рече министерот Тевдовски.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска