Министерот за финансии Драган Тевдовски ја сподели визијата за интегриран пазар на капитал во регонот, во своето обраќање на конференцијата ЕуроФи 2018 што се одржува во Софиј. Тевдовски беше дел од панелот „Развивање на регионален финансиски пазар за Југоисточна Европа“, соопшти Министерството за финансии.
Во насока на реализирање на визијата за интегриран пазар на капитал е и создавањето на SEE Link платформата за тргување, односно регионалната берза, каде се очекува вклучување на уште две земји од регионот.
Што се однесува за Македонија, министерот за финансии Тевдовски истакна дека издавањето нови инструменти како 30-годишната обврзница, придонесуваат за раздвижување на пазарот на капитал.
Тевдовски потсети и дека во Министерството за финансии се подготвуваат нови закони за хартии од вредност, со кои македонското целосно се усогласува со законодавството на Европската унија.
Важен чекор за развој на пазарот на капитал е и формирањето на Советот за развој на пазарот на капитал. Министерот Тевдовски претседава со овој Совет, во кој членуваат претставници на финансиските институции во земјата.
Македонија прв пат учествува на оваа коференција организирана во рамки на претседавањето на Бугарија со Советот на ЕУ. На конференцијата учествуваа и министри за финансии на земјите од ЕУ, членови на Европската Комисија, гувернери на централни банки, претставници на меѓународни финансиски организации и претставници од финансискиот сектор.
Покрај Тевдовски, панелисти на конференцијата се и министрите за финансии на Бугарија, Луксембург, Италија, Литванија, Грција и Белгија.