Тевдовски: Минатата година имплементиравме најмногу препораки од сите земји аспиранти за влез во ЕУ

Од:

Нашата држава е лидер меѓу земјите од регионот во спроведување на препораките на Европската комисија за реализирање на Програмата за економски реформи, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски во Љубљана, каде учествува на конференцијата „Кон подобрени структурни реформи и фискални рамки“.

Тој е еден од говорниците на панелот „Економско управување во контекст на пристапот во ЕУ“ во рамки на конференцијата.

„Минатата 2018 година, имплементиравме најмногу препораки од сите земји аспиранти за влез во ЕУ. Лани бевме најдобри со 54,4% реализација. Во моментов процентот на реализација на договорените активности е 65%. Уверени сме дека таквиот тренд ќе продолжи и во наредниот период и дека дијалогот со Европската комисија ќе биде поттик да дојдеме до најдобрите решенија за земјата“, рече министерот.

Како што информираат од неговиот кабинет, на конференцијата било истакнато дека во процесот на пристапување кон ЕУ, економиите на земјите – аспиранти треба да станат доволно витални за да ги издржат конкурентните притисоци на единствениот пазар на Унијата. Притоа, како најважни области кои треба да зајакнат биле посочени економското управување, конкурентноста и трговијата.

Подготовката на Програмата за економски развој е координирана од страна на Министерството за финансии, а се доставува до ЕК по нејзино усвојување, најдоцна до 31 јануари. Потоа таа се оценува преку оценски мисии во земјата од страна на ЕК, Европската централна банка и Еуростат, по што започнува дијалог во рамките на Советот на ЕУ. Процесот завршува со донесување заеднички заклучоци врз основа на оцената на Програмата за економски реформи и се даваат препораки за подобрување на макроекономската политика на земјата, управувањето со јавните финансии и квалитетот на структурните реформи.

На панелот на конференцијата во организација на Центарот за обука во областа на финансиите (ЦЕФ), воведничар бил Андреас Пападопулос од Генералниот директорат на ЕК за проширување, а учесници се и министерот за здравство на Црна Гора, Кенан Храповиќ, заменик министерот за финансии и економија на Албанија, Ерјон Лучи, координаторот за Програмите за економски реформи на Босна и Херцеговина, Зоран Жељко и Ирена Дрмеж од Министерството за финансии на Словенија.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески