Телеграм оствари профит од над 540 милиони долари

Од:

Telegram, една од најбрзо растечките глобални платформи за пораки, надмина милијарда активни корисници. Оваа вест ја соопшти основачот и извршен директор Павел Дуров.

Достигнувањето претставува историски момент за компанијата, која до неодамна имаше 950 милиони месечни корисници.

Покрај значителниот раст на базата на корисници, Telegram ја потврди и својата финансиска стабилност.

Според Дуров, платформата остварила профит од 547 милиони долари во 2023 година. Иако претходно ја најави профитабилноста на платформата, ова е првпат да се објавуваат конкретни финансиски податоци. Со овие резултати „Телеграм“ ја потврдува својата позиција на пазарот.

Павел Дуров ја искористи можноста да ја критикува конкуренцијата, особено апликацијата WhatsApp, која е во сопственост на Мета.

Во објава на официјалниот канал на Телеграм, Дуров ја нарече апликацијата „евтина и нарушена имитација на Телеграм“.

Тој го обвини Мета дека потрошил милијарди долари за лобирање и ПР кампањи со цел да го забави растот на Телеграм.

– Се обидоа да не успорат, но не успеаја. Телеграм растеше, стана профитабилен и за разлика од конкурентите ја задржа својата независност – рече Дуров.

Би можело да ве интересира

Обвиненија против 32-годишник и 21-годишник за детска порнографија во „Јавна соба“

Ана Ололовска

Како девојките – жртви на Јавна соба го молеле администраторот да ја затвори групата: „Еден ден и ти ќе имаш ќерка!“

Мери Јордановска

Триесет дена притвор за администраторот и модераторот на „Јавна соба“

Мери Јордановска

(ВИДЕО) Протест за „Јавна соба“: Ми го споделуваа телефонскиот број и ми бараа дискретни средбички

(ВИДЕО) Психолог Хаџиванова: Жртвите на сексуално насилство молчат долго од страв или срам

Ана Василевска

Поради ширење порнографски материјали, Телеграм ја затвори „Јавна соба“