Танасосоки и Заев: Вработувањата во Царината поради зголемен обем на работа

Од:

Огласите за нови вработувања во Царинската управа на Македонија се поради зголемен обем на работа. Тоа е нормален процес кој треба да ги зајакне капацитетите во работењето согласно со новите надлежности и претстојните преговори со Европската унија, оценија денеска директорот на Царинската управа Ѓоко Танасовски и премиерот Зоран Заев.

– Вработувањата призлегоа уште минатата година, кога исто така имавме оглас за вработување на неопределено време. Поради зголемен обем на работа и редица претстојни активности кои претстојат пред Царинската управа се покажа потреба за зголемување на капацитетите на управата. наназад од 2015 година не е извршено никакво вработување во Царинската управа што само по себе побарува таа да има соодветни капацитети за новите надлежности во работењето, а ни претстојат и преговори со Европската унија, изјави Танасосоки, одговарајќи на новинарски прашања по доделувањето на одобрението на првиот овластен економски оператор во Македонија.

Царинската управа сега има 1076 вработени и како што рече Танасоски тој број изнесувал 1132 во 2015 година, од кога немало вработувања. Објавен е само еден оглас за советник на директорот, а другите се согласно систематизацијата.

Во коментар на новите вработувања и Заев, укажува исто така дека станува збор за зголемен обем на работа согласно активностите од Берлинскиот процес.

– Со тековниот оглас не се пополнуваат сите слободни позиции, туку само неопходните за поради новиот обем на работа и технички аспекти на работењето на Царината. Така е и во останатите институции. Остануваме на трендот на неопходна јавна администрација, рече Заев.

Тој повтори дека вишокот вработени со реформите на администрацијата ќе биде прифатен од приватниот сектор со поддршка на Владата. Процесот треба да почне допрва и се надевам дека ќе направиме рационализација на администрацијата без некој да изгуби работа, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ