„Тајмс“: Земјите од еврозоната тајно подготвуваат план за исклучување на Грција

Од:

Земјите од еврозоната тајно подготвуваат план за исклучување на Грција од монетарниот сојуз доколку Атина прогласи банкрот следниот месец, пишува британскиот весник „Тајмс“.

Според весникот, детални планови се ставени во документ подготвен од финското Министерство за финансии во соработка со Германија.

Во документот се предупредува дека оваа пролет треба да се донесат „многу тешки политички одлуки“.

– Со преќутна согласност на останатите земји од еврозоната започна процес, кој на крајот може да доведе до исклучување на Грција од еврозоната, се наведува во текстот со датум од 27 март.

Финска е убедена дека преку реформите од последните три години и мерките преземени од Европската централна банка, еврото може да ја надмине бурата, која ќе се појави по исклучувањето на Грција од еврозоната, нагласува „Тајмс“

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина