Светската банка му одобри на Јемен помош од 150 милиони долари

Од:

Светска банка одобри 150 милиони долари помош за Јемен со цел да се подобри пристапот на населението до основната здравствена заштита, храна, вода и хигиена, пренесува Бета.

Од почетокот на граѓанската војна во оваа земја во 2014 година, неколку десетици илјади луѓе починаа, а милиони се раселени.

Јемен е една од најсиромашните земји каде што огромното мнозинство од населението зависи од меѓународната помош. ОН сметаат дека земјата ја има најтешката хуманитарна криза во светот.

Според Светска банка, до крајот на минатата година во Јемен починале 233.000 лица, од кои половината од нив поради недостиг на храна и пристап до здравствена заштита.

Би можело да ве интересира

Израелската војска соопшти дека пресретнала ракета истрелана од Јемен

Најмалку 68 жртви во американските воздушни напади врз Јемен

Хутите соборија седум американски дронови „Рипер“ вредни повеќе од 200 милиони долари

Јеменските сили се судрија со американски воени бродови во Црвеното Море

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел

Тревога во Израел: Војската „пресретна“ проектил истрелан од Јемен