Porsche со виртуелна презентација официјално го претстави новиот Taycan Cross Turismo пред јавноста. Производителот на спортски автомобили го проширува портфолиото на производи од својата прва гама на целосни електрични спортски автомобили со додавање на оваа разноврсна теренска верзија, со што се продолжува систематското следење на јасната мисија за еколошка и одржлива мобилност. Како и спортскиот седан Taycan, Taycan Cross Turismo има придобивки од иновативниот електричен погон со архитектура од 800 волти. Новата високотехнолошка верзија со погон на сите тркала и адаптивна воздушна суспензија, исто така, обезбедува бескомпромисна динамика надвор од патот. Триесет и шест милиметри повеќе простор за глава за патниците на задните седишта и повеќе од 1.200 литри багажен простор, го прават Cross Turismo идеален за сите намени.
„Во 2019 година, испративме клучен сигнал со дебито на нашиот прв електричен спортски автомобил“, рече Оливер Блуме, претседател на Извршниот одбор на Porsche AG, на светската премиера на новиот и поразновиден дериват. „Ние се гледаме како пионери на електричната мобилност: до 2025 година, половина од сите нови возила кои ќе ги испорачаме ќе имаат електрифициран погон – или целосно електричен или plug-in хибрид. Во 2020 година, еден од три испорачани возила во Европа имаа електричен погонски систем. Иднината припаѓа на електричната мобилност. Со Taycan Cross Turismo, ние правиме уште еден голем чекор во оваа насока“.
Сите варијанти на Cross Turismo се достапни веднаш
Четири варијанти на Taycan Cross Turismo се веднаш достапни по официјалното лансирање на пазарите. Пакетот на батерии „Performance Battery Plus“, кој има капацитет од 93.4 kWh, е стандардно достапен. Моделите кои ги нуди Cross Turismo се следните:
• Taycan 4 Cross Turismo со 280 kW (380 КС), со „overboost“ моќност при лансирање „Launch Control“ 350 kW (476 КС), забрзување од 0 до 100 км/ч за 5,1 секунда, максимална брзина од 220 км/ч и досег од 389 – 456 км.
• Taycan 4S Cross Turismo со 360 kW (490 КС), со „overboost“ моќност при лансирање „Launch Control“ 420 kW (571 КС), забрзување од 0 до 100 км/ч 4,1 секунда, максимална брзина од 240 км/ч и досег од 388 – 452 км.
• Taycan Turbo Cross Turismo со 460 kW (625 КС), со „overboost“ моќност при лансирање „Launch Control“ 500 kW (680 КС), забрзување од 0 до 100 км/ч за 3,3 секунди, максимална брзина од 250 км/ч и досег од 395 – 452 км.
• Taycan Turbo S Cross Turismo со 460 kW (625 КС), со „overboost“ моќност при лансирање „Launch Control“ 560 kW (761 КС), забрзување од 0 до 100 км/ч за 2,9 секунди, максимална брзина од 250 км/ч и досег од 388 – 419 км.
Високотехнолошката шасија со погон на сите тркала и адаптивната воздушна суспензија стандардно доаѓа кај сите четири модели. Опционалниот пакет Off-Road го зголемува растојанието од земјата до 30 mm. Ова значи дека може да се вози и Cross Turismo на терени надвор од патот. Стандардниот „Gravel Mode“ ја подобрува адаптивноста на новиот модел за возење по нерамни патишта.
Во однос на визуелниот изглед, Taycan Cross Turismo внимателно го следи концептот Mission E Cross Turismo презентирана на Саемот за автомобили во 2018 година во Женева: Неговата силуета е дефинирана од спортската линија на покривот која се спушта надолу, позната како „Flyline“ и доаѓа од дизајнерите на Porsche. Дизајнерските детали вклучуваат зголемени лакови на тркалата, уникатни предни и задни дифузери и странични прагови. Како дел од пакетот Off-Road Design, Cross Turismo има специјални клапи на аглите на предните и задните браници и на краевите на праговите. Со тоа се создава впечатлива надворешност, а се обезбедува и заштита на подвозјето.
Спортски додатоци: нов заден носач и Porsche електрични велосипеди
Единствено за Taycan Cross Turismo, Porsche разви заден носач за три велосипеди кој поставува нов стандард во поглед на големина и начин на користење. Може да се користи универзално за различни видови велосипеди. Една од неговите иновативни одлики е дека задната врата може да се отвори дури и кога е натоварен задниот носач. Porsche исто така претстави два висококвалитетни електрични велосипеди – eBike Sport и eBike Cross. Со нивниот безвременски дизајн, како и моќната, одржлива технологија на погон, тие се совршено усогласени со Taycan Cross Turismo.
Високотехнолошки изглед за високотехнолошко возило
Светската премиера на новиот Porsche Taycan Cross Turismo се одржа во Хипербоул студиото во саемските простории во Минхен – Германија. Ова спектакуларно ново студио ги спојува светот на филмот и реалноста: закривен LED ѕид со агол од 270 степени, долг 40 метри и висок 5,5 метри, е комбиниран со LED таван за да се обезбеди површина на екранот од 478 квадратни метри со 70 милиони пиксели . Светската премиера беше емитувана на
newstv.porsche.com и истата може да се погледне во било кое време.
ПР текст