Светската банка ја казни спрската градежна компанија Енергопроект нискоградба со 2,5 години забрана за добивање бизниси под нејзино покровителство заради малверзации на проекти во Уганда.
– Тој случај е само уште еден пример зошто борбата против корупцијата е важна за Светска банка, но и за компании кои се вклучени во развојни проекти, изјави Леонард Мекарти, потпретседател на СБ.
Мекарти наведува дека „само чист бизнис е всушност, паметна работа. Ќе продолжиме да се трудиме максимално да ја зголемиме вредноста на инфраструктурниот развој“. Казната е изречена откако во Енергопроект признале дека имало неправилности за време на изградба на патишта и развојни проекти во Уганда.