Строс-Кан: Договорот со Грција е „штетен и речиси смртоносен“

Од:

Поранешниот генерален директор на ММФ, Домик Строс-Кан, во отворено писмо насловено „До моите германски пријатели“, изнесува пофалби за Европа, но сепак изразува и загриженост за нејзината иднина, посебно по договорот склучен со Грција кој го оценува како „штетен и скоро смртоносен“.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, Строс-Кан, кој сега е ослободен од сите судски закани за неговото однесување на приватен план, во текстот објавен на социјалните мрежи ја критикува позицијата на германските лидери за време на преговорите со Грција и притоа им оддава почит на француксиот претседател Франсоа Оланд, кој, според него, „издржал добро“ и на германската канцеларка Ангела Меркел, која како што вели, „храбро им се спростиставила на оние кои не сакале договор по која било цена“.

Строс-Кан, кој се заложи за реструктуирање на грчкиот долг во еден текст објавен на крајот на јуни, сега смета дека договорот склучен со Грција е „застрашувачки за сите оние кои се уште веруваат во иднината на Европа“.

– Тоа што се случи минатиот викенд за мене е фундаментално штетно, речиси смртоносно, вели поранешниот прв човек на ММФ.

Во најновото обраќање, објавено на англиски, француски и германски јазик, со цел како што вели да може да биде разбран од поголем број на читатели, Строс-Кан им забележува на доверителите, предводени од Германија дека „ја искористиле можноста за идеолошка победа врз една екстремно лева Влада, по цена на фрагмантација на Унијата“.

Строс-Кан, кој е и поранешне францукси минситер за финансии, вели дека жали поради „политичкото повлекување на земјите од Северот на штета на тие од Југот“, однесување со кое, според него, му се „врти грбот на она што треба да биде Европа и се ризикува да се предизвика нејзино распрснување“.

– Функционирањето на еврозоната во кое, вие, мои германски пријатели, следени од неколку балтички и нордиски земји, ќе им го наметнувате вашиот закон ќе биде неприфатливо за другите, предупредува Строс-Кан.

Тој притоа не пропушта да ја пофали ЕУ, но нагласува дека без едно вистинско единство, Унијата „ќе биде неспособна сама да се соочи со рускиот притисок и ќе стане вазал на нашиот сојузник и пријател САД“.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст