Странски туристи повеќе, домашни помалку

Од:

Бројот на туристи во Македонија во февруари 2015 година изнесувал 29.743, а бројот на ноќевањата 62.297 што е зголемување во однос на истиот месец лани за девет отсто (кај туристите) и за 2,8 проценти (кај ноќевањата).

Како што соопшти Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи е намален за 11,6 отсто, а бројот на странските е зголемен за 23,5 проценти. Слична е состојбата и кај ноќевањата, оние на домашните туристи бележат намалување, за 13,1 отсто, а на странските се зголемени за 16 проценти.

Во периодот јануари – февруари 2015 бројот на туристите е зголемен за 7,6 отсто во однос на истиот период минатата година, а на ноќевањата за 1,7 проценти. Кај домашните туристи е евидентирано намалување за 5,6 проценти, а кај странските зголемување за 18,2 отсто. Бројот на ноќевањата, пак, кај домашните туристи е намален за 12,1 отсто, а кај странските е зголемен за 15 отсто.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ