Стопанска комора на северозападна Македонија: И бизнисите да се вклучат во приоритетните категории за вакцинирање

Од:

Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) смета дека управувањето со ковид-кризата во земјава се одвива многу бавно во споредба со другите земји од регионот, како во смисла на обезбедување вакцини и имунизација, така и од аспект на стимулирање на бизнисите.

Според СКСЗМ, вчера донесената одлука за продолжување на полицискиот час и затворање на некои деловни сектори е доказ за кризата во која се наоѓаме и за големите последици што ја очекуваат домашната економија.

Став на Комората е дека во приоритетните категории за вакцинирање треба да се вклучат и бизнисите кои го претставуваат мнозинството вработени и придонесуваат за економската и финансиската стабилност на државата.

– Со оглед на сензитивноста на домашната економија, нејзината зависност од странските пазари, се јавуваат многу проблеми во економијата, со посебен акцент на конкурентноста на домашните компании, па затоа колективната имунизација е првиот чекор кон посигурен излез од оваа криза. Според официјалните податоци, бројот на вакцинирани во земјава е приближно 9.000 што е само 0,45 отсто од населението. Земјите од регионот напреднаа повеќе во оваа насока, каде обезбедија значителен број вакцини, а некои од тие дури постигнаа и имунизација на над 15 проценти од населението, наведува СКСЗМ.

За да се врати економската активност, Комората предлага државата да ги стимулира секторите кои имаат потенцијал за економски развој и, пред се, капиталните инфраструктурни проекти.

– Доколку се повикаме на официјалните податоци, има многу ниска стапка на реализација на капиталните расходи, кои достигнуваат само 10,18 отсто од средствата предвидени во буџетот. Од планираните 394 милиони евра, реализирани се само 40 милиони, кои за жал не се трошоци од развоен карактер, туку претставуваат фиксни трошоци на соодветните институции. Доколку продолжи овој тренд и обем на капитални инвестиции, крајот на 2021 година ќе биде меѓу најслабите во економска смисла, бидејќи би достигнале стапка на реализација од над 40 проценти од планираните средства. Имајќи го во предвид фактот дека ние како држава имаме многу инфраструктурни проекти кои не се реализирани во текот на годините, кои покрај стратешкото значење, претставуваат можност за правичен регионален развој и ревитализација на многу компании во различни сектори. Реализацијата на овие проекти со забрзана динамика значи обезбедување ликвидни средства за компаниите кои се погодени од кризата, зачувување на работните места и интензивирање на деловната активност, поосчува СКСЗМ.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски