Стоковата размена со странство во јануари 1 350.8 милиони евра, извозот со пад од 11,4 отсто

Од:

Вкупниот обем на надворешна трговија на државава во јануари годинава изнесува 1 350.8 милиони евра евра. Извозот на стоки во јануари годинава е во вредност од 550.6 милиони евра и бележи пад од 11,4 проценти во однос на јануари лани. Вредноста на увeзената стока, пак, е 800.2 милиони евра, што е за 5,8 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Како што објави денеска Државниот завод за сттаистика, трговскиот дефицит, во јануари годинава изнесува 249.6 милиони евра.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и други катализатори на носачи.

Во увозот, пак, најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во јануари година најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.

Би можело да ве интересира

Вкупната трговска размена лани 20.424.810 илјади евра, трговскиот дефицит 3.825.646 илјади евра

Данас: Српскиот извоз во Русија во јуни е зголемен за 30 отсто во однос на истиот месец лани

(ВИДЕО) Заев–Адемоски: Имаме потенцијал за размена од една милијарда долари, новата влада да назначи министер за туризам

Драган Поповски

Србија со Македонија има суфицит во трговската размена за јануари-септември 2018

Наум Локоски