Стојкоски: Ќе има кривична одговорност доколку некој несовесно врши угостителска дејност

Од:

Се подготвува нов закон за угостителска дејност во кој се предвидени задолжителни одредби за контрола и кривична одговорност доколку некој несовесно врши угостителска дејност, соопшти денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски.

На прес-конференција во Владата, Стојкоски посочи дека казните ќе бидат поригорозни и ќе биде предвидена кривична одговорност за сопствениците на угостителски објекти доколку прекршат одредби од законот.

– Угостителскиот сектор може и мора да бдие пример за легален, одговорен и конкурентен бизнис, рече Стојкоски.

Врз основа на посточкиот Закон за угостителска дејност извршени се вкупно 2.675 надзори и издадени 879 прекшочни платни налози и 79 решенија за привремена забрана за вршење на дејност. Од 17 март до 15 јуни годинава, пак, извршени се 1 713 надзори и издадени 716 прекшочни налози и 60 решенија за привремена забрана за вршење на угостителска дејност.

Директорот на ДПИ тврди дека се постапува неселективно и дека констатирани се забелешки од типот немање лиценци за работа, несоодветни услови, односно неисполнување на минималните технички услови за работа, пречекорување на работното време….

Според податоците на ДПИ, во главниот град нема ниту еден објект валидна лиценца за кабаре или диско клуб, додека на ниво на цела држава има 14 валидни лиценци.

Од 1 ноември лани до 15 јуни годинава, ДПИ извршил вкупно 17.359 надзори на ниво на цела држава и издадени се 4.542 платни налози во вкупна вредност од 110 милиони денари.

– Во овој период спроведовме широк опсег на редовни и вонредни надзори на цела територија. Работевме на терен, присутни таму каде што системот пред нас толерирал хаос, неправди и сива економија. Нашата работа не беше селективна, секој објект без разлика на локација и сопственост беше еднакво подложен на контрола. Фокусот беше троен – спречување на нерегистрирани објекти и работа без лиценци, заштита на потрошувачите од несодветни услови и подигнување на нивото на почитување на законските одредби. Нема повеќе „за свои се е доволено, а за другите казни“, рече Стојкоски.

Би можело да ве интересира

ДПИ: Има зголемувања на цените во малопродажба

ФИФА ги казни фудбалските асоцијации на Албанија, Еквадор, Парагвај, Романија, Босна и Херцеговина и Индонезија

ДПИ издаде 360 прекршочни платни налози и 28 решенија за привремена забрана на дејност

Фрчкоски: Зошто актуелниот директор на ДПИ не е опфатен со истрагата за Кочани?

Затворени маркети, аптека и увозници кај кои се утврдени маржи до 70 отсто

Катерина Ѓуровски

Левица: Власта да ги врати казните за функционерите, ако не ќе бараме построги казни и незастарливост