Стојаноски: Граѓаните можат да си дозволат само еден оброк дневно, а Владата троши народни пари за небитни работи

Од:

Ние сме држава во која голем дел од домаќинствата можат да си дозволат само еден оброк дневно, а владата не престанува да троши народни пари за работи кои се се, освен неопходни, изјави претседателот на комисијата за финансирање и буџет во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

Според Стојаноски самата власт признала дека во буџетот предвидела стотици милиони евра непродуктивни трошоци во време на криза, заради овие стотици милиони евра непродуктивни трошоци имаме половина милион граѓани кои живеат само со 150 денари на ден и 4.000 компании кои ставија клуч на врата од почетокот на годината.

– Ребалансот на буџетот покажа уште еден катастрофален податок, а тоа е дека проекцијата за раст на БДП се намалува за неверојатни 1,4%, односно економијата во најдобар случај до крајот на годината ќе порасне за 25% помалку од планираното. Оваа проекција за помал раст во исто време значи дека од прилика за истиот процент ќе се зголеми долгот на Македонија. А, заради оваа криминална и неспособна власт на СДСМ и ДУИ долгот достигнува рекорди и изнесува над 7 милијарди евра во овој момент. Овие и најавените над милијарда евра нови долгови ќе значат дека оваа власт за 5 години успеала да ја задолжи Македонија за ист износ колку сите влади претходно, истакна Стојаноски.

Со оваа власт на СДСМ и ДУИ кризата ќе се продлабочува бидејќи тие се извор на кризи. Со ребалансот ништо нема да се промени на подобро, туку Македонија ќе продолжи да тоне уште повеќе, кажа Стојаноски и дополнително истакна дека решение за оваа состојба е само предвремени парламентарни избори за подобар стандард на сите граѓани.

Би можело да ве интересира

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

Советниците го изгласа Буџетот на Град Скопје за 2025 година

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски

Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2025 година обезбедува непречено функционирање на институциите и државата

Битиќи: Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста го премолучува реалниот дефицит

Горан Наумовски

Трендафилов: Во Буџетот за 2025 се планирани пари за поголеми плати