Стоилковски: Нема струја и нема парно, а Владата купува златни тањири, златни лажици и вилушки

Од:

„Македонија нема струја, Македонија нема гас, Македонија нема јаглен, Владата купува златни тањири, златни лажици и вилушки. Скопје нема парно, Тетово нема вода, Владата купува златни тањири, лажици и вилушки. 60.000 нови невработени, стотици затворени компании, девастирана економија, а Владата купува златни тањири, лажици и вилушки“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Странски инвестиции нема, капитални инвестиции нема, за тутунарите пари нема, за овоштарите пари нема, а има за златни тањири и вилушки за владата.

Секоја држава има мафија, а тука Мафијата има држава, живи луѓе горат, одговорност нема, а ма има златни тањири и златни вилушки, нови за Владата! Покачени сметки за струја, парно, гас и горива, среде енергетска кризна состојба, Македонија тоне во криза, а владата купува златни тањири, златни лажици и вилушки!

За што? За да достојно, така царски, го дочека пиунот Ковачевски со неговата заева свита во Владата со златни тањири.

Ова е пример за чиста забеганост, ова е непотребно, одлепено луксузирање врз грбот на луѓето.

Срамно и безобразно однесување. Златен прибор се плаќа од буџет сега, за од нив да јадат министрите од СДСМ, ДУИ, Алтернатива, и кога ќе им дојдат на ручек Павле Трајанов, Морачанин и оној Горан Милевски.

Секој ден поминат без брзи избори, е само ден минат со нов пораз за Македонија!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

Со добра координација ќе се надмине овој „ситен проблем“ порача Таравари по превирањата за Законот за бранителите

Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки