СТО на 15 февруари ќе го избира новиот директор

Од:

Светска трговска организација (СТО) соопшти дека на 15 февруари ќе го избере новиот генерален директор и членовите на главните тела надлежни за донесување на одлуки.

Експертите предвидуваат дека на водечката функција во СТО ќе биде именувана поранешната министерка за финансии на Нигерија, Нгози Окоњо-Ивеал.

Доколку биде постигнат консензус Окоњо-Ивеал ќе биде прва жена и прва Африканка директорка на СТО.

СТО во која членуваат 164 земји, остана без директор откако Бразилецот, Роберто Азеведо поднесе оставка од функцијата една година пред истекот на мандатот и ја напушти должноста на почетокот од август 2020 година.

Наследникот на Азеведо ќе се соочи со предизвиците – реформирање на СТО, преговори во момент на растечки протекционизам, длабоката рецесија предизвикана од пандемијата со Ковид-19 и трговски тензии, пред се помеѓу САД и Кина.

Би можело да ве интересира

Шефицата на СТО ги повика земјите да ги укинат трговските бариери кои ги воведоа во пандемијата

Жарко Настоски

Окоњо Ивеала: Работите во СТО ќе ги променам од темел, приоритет пандемијата

Ана Ололовска

Окоњо-Ивеала ја презеде должноста генералнa директорка на СТО

Ана Ололовска

Вашингтон ја поддржува кандидатката од Африка за директорка на СТО

Ана Ололовска

Tри жени во трката за директор на СТО

Ана Ололовска

СТО: Повеќето американски царини на стока од Кина се нелегални

Ана Ололовска