СТО: Повеќето американски царини на стока од Кина се нелегални

Од:

Комисијата за решавање спорови при Светската трговска организација (СТО) донесе одлука против повеќето царини што ги воведоа САД за стоки од Кина.

Комисијата оцени дека американските мерки ги кршат клучните принципи на меѓународната трговија и условите под кои Вашингтон се приклучил кон Светската трговска организација,.

Портпарол на кинеското Министерство за трговија ја поздрави пресудата, која ја оцени како „објективна и фер“. Тој рече дека Кина се надева дека САД целосно ќе ја почитуваат одлуката на СТО.

Портпаролот на Министерството за трговија на САД, Роберт Лајтхајзер ја критикуваше одлуката на Комисијата, велејќи дека Светската трговска организација е „целосно неадекватна да ги запре штетните технолошки практики на Кина“.

Тој рече дека на САД мора да им се дозволи да се бранат од нефер трговски практики и дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп нема да дозволи Кина да ја користи Светската трговска организација за да ги искористи американските работници и компании.

Комисијата ја донесе одлуката откако Кина поднесе жалба против ограничувањата на увозот наметнати од САД.

Официјален Вашингтон има право на жалба на одлуката во рок од шеесет дена.

Би можело да ве интересира

САД: Седум милиони заразени со коронавирус

А1он

Иранскиот претседател бесен: Ги обвини САД за „дивјаштво“ поради новите економски санкции

А1он

Хакерски напади од Кина, Виетнам и Русија врз унгарските финансиски институции

А1он

Бајден: Трамп молчи за диктаторот Лукашенко

А1он

Британија ќе чека да поминат изборите во САД, па ќе одлучи за екстрадицијата на Асанж

А1он

„Њујорк тајмс“: Во Пентагон се разговара за оставки ако Трамп ја употреби армијата против народот

А1он