Ставрески: ММФ доаѓа во редовна посета

Од:

Вицепремиерот и министер за финасии Зоран Ставрески очекува на денешната средба со Мисијата на ММФ во Скопје да има, како што рече, здрава и плодна дискусија, како што е вообичаено.

– ММФ доаѓа во Република Македонија во редовна посета и ова е прва мисија на новиот шеф на Мисијата на ММФ за Република Македонија. Попладнево почнуваме со состаноци во Министерството за финансии. Со Мисијата на ММФ, како и вообичаено, ќе разговараме за економската состојба, ќе размениме мислења и сугестии за тоа какви се перспективите за наредната година и за следните неколку години, изјави вицепремиерот Ставрески на паузата на Конференцијата за започнување на проектот „Обука за внатрешни ревизори во јавниот сектор“ (TAIPS) во одговор на новинарско прашање.

Потенцира дека на средбата нема да стане збор за искористување на остатокот на парите од линијата за буџетска поддршка за 2011 година и додаде дека за тоа веќе претходно се договориле.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд

А1он

Украина доби 1,1 милијарда долари од ММФ

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски