Доделени првите уверенија за вршење сметководствени работи во Македонија, кои значат воспоставување ред во професијата и добивање потврда на сметководителите за нивната стручност и компетентноста во вршењето на својата професија.
Издавањето уверенија е пропишано со новиот Закон за вршење смеководствени работи, донесен во јули годинава како една од мерките на Владатам, а со кои, како што рече на доделувањето на уверенијата вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, се излезе во пресрет на барањата на приватниот сектор.
Законот пополни правен вакуум во облaста која е значајна за стабилен развој на приватниот сектор, привелкување и раст на инвестициите, а со тоа и на целокупната економија. До донесувањето на Законот речиси секој во државата можеше да биде сметководител, што придонесуваше за девалвација на професијата сметководител и појава на нелојална конкуренција на пазарот, истакна Ставрески и додаде дека со Законот се поставија критериуми за тоа кој може да врши сметководствени работи, се воведе задолжителна континуирана едукација на сметководителите, се воспоставуваат регистри на сметководители и се воведува контрола над работењето на сметководителите и друштвото за вршење сметководствени работи, а сето тоа ќе го спречи нестручното и необјективно вршење на сметководствените работи.
Истакнувајќи дека сметководството е значајна професија за воспсотавувањето здрава бизнис клима, министерот потенцира дека само на овој начин таа ќе се издигне на нивото што го заслужува и ќе му помогне на стопанството да има точна слика за состојбите во секоја фирма, а на Владата и оние што ја креираат економската политика да направат добра анализа на состојбите во економијата и да може да предложи мерки за подобрување.
Сметководителите го оценија го поздравуваат донесувањето на Законот и го оценуваат како позитивен кој ќе воведе ред во професијата.