Ставрески: Aнглиските компании заинтересирани за инвестирање во Македонија

Од:

Компании од информатичката технологија, турзмот, спа-туризмот и автомобилската индустрија во Велика Британија пројавија интерес за инвестирање во Македонија на одржаните бизнис форуми.
Со дел од компаниите контактите се во почетна фаза, со дел имало и претходни средби, а вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески очекува дека наредната година дел од нив ќе направат реална инвестиција во Македонија.

– Во изминатите четири дена ги посетивме четирите главни градови во Велика Британија – Лондон, Лидс и Ливерпул со дополнителни посети во Манчестер при што беа презентирани инвестициските можности за Република Македонија да биде запознаена од страна на англиските инвеститори, да се слушнат погодностите што ги дава нашата земја.

Можам да кажам дека постоеше добар интерес, посебно во делот на атрактивната даночна политика, ниските даноци, подобрувањата во условите за водење бизнис коишто ги нотираше и Светска банка и Дуинг бизнис извештајот и атрактивноста на Македонија како локација каде што може во слободните економски зони дополнителни даночни повластици да се добијат и каде што компаниите од Англија можат со пониски трошоци да работат рентабилно. Она што е значајно за нас секако би било отворање нови работни места, изјави за МИА вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска по завршување на посетата на Велика Британија.

Според него, сето тоа дава надеж дека во иднина некои од компаниите со кои оствариле контакт ќе дојдат во Македонија да го продолжат она што го почнале.

– Имаше интерес во неколку сектори, но се уште е рано да се зборува поконкретно за тоа какви инвестиции би можеле да следат. Наша задача овде беше да го презентираме она што Македонија може да го понуди, да оствариме почетни контакти и верувам дека врз основа на најавите ќе имаме посета на инвеститори од Англија во следниот период и дека дел од овие работи што тука се разговараат ќе се материјализираат и ќе дојде до реални инвестиции, истакна Ставрески.

Би можело да ве интересира

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада

До Владата засега не е пристигнато предлог-решение за правична застапеност, вели Митева

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

ДУИ: Одлуката на ЕУ да ја одвои Албанија од Македонија е најголемиот неуспех за владата