Просечната исплатена нето плата за април месец годинава изнесува 21.175 денари, измери Државниот завод за статистика.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5.0%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (3.1%) и Градежништво (3.0%).
Статистика измерила дека во април годинава исплатената бруто плата по работник изнесува 31.027 денари.
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5.0%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.1%) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (2.9%).
Според статистика за месец април годинава 1,5 отсто од вработените во земјава не земале плата.