Статистика: Намалени трошоците за живот

Од:

Трошоците на живот во јануари годинава се намалени за 0,2 отсто во однос на претходниот месец, додека во споредба со јануари 2015 година се зголемени за 0,1 отсто. Цените на мало, пак, во јануари 2016 во однос на декември 2015 останале исти, а во однос на јануари 2015 бележат пораст од 0,2 процента, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Намалувањето на трошоците на живот минатиот месец во споредба со јануари 2015 година, според ДЗС, е резултат на поевтинувањето на свежото и разладеното овошје за 1,9 отсто, на сушеното, соленото и пушеното месо за 1,6, на јајцата за 0,6, на сувото овошје и јаткастите производи за 0,5, на лебот и месото за 0,4, како и на свежиот и разладен зеленчук, освен компир, за 0,3 проценти.

Во јануари, исто така, намалување на трошоците на живот е забележано и кај обувките за 3,7 отсто, течните горива и мазива за 3,5, туристичките аранжмани за 3,4, малите алатки и останатите додатоци за домаќинствата за 1,7, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 1,4, предметите за лична хигиена и здравје за 1,3, услугите за лична хигиена за еден, превозот на патници со автобус за 0,8, лековите и угостителските услуги во рестораните и хотелите за 0,6, облеката и други нетрајни средства за домаќинствата за 0,3, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за домаќинствата за 0,2 отсто.

Пораст на трошоците е забележан кај другите пекарски производи за 2,9 отсто, замрзнатиот зеленчук освен компирот за два процента, другите прехранбени производи за 1,9, оризот и компирот за 1,8, изнутриците за 1,6, брашното и другите житарици за 1,5, конзервираното овошје за 1,1, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за еден отсто, другите преработки од месо, рибата и морските плодови за 0,7, помалку масното млеко, сирењето и урдата, маслото и маснотиите за 0,5, полномасното млеко за 0,3 и безалкохолните пијалаци за 0,2 отсто.

Пораст има и кај авионскиот превоз на патници за 4,9 отсто, средствата за чистење и одржување на станот за 3,2, болничките услуги за 2,1, автомобилите за 1,4, малите електрични апарати за домаќинствата за 1,2, големите електрични апарати за домаќинствата за 1,1, накитот и часовниците за 0,3, материјалите за одржување и поправки на станот и информатичката опрема за 0,2 отсто.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он