Стаменковска: Заев и Анѓушев ќе ги попречуваат странските инвестиции за да не ги покачуваат платите

Од:

Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција изјави дека вицепремиерот Кочо Анѓушев ќе ги преполови инвестициските промотори. Според неа, тој како бизнисмен има директна штета од нив.

– Најубаво им беше на илјадници велешани кои беа без работа и можеше да ги отпушта и вработува кога сака, по многу помала плата. Со доаѓањето на „Маркард“ во Велес и со најавата дека ќе изградат и втора фабрика таму, со доаѓањето на Лутекс, инвестиција на СТС Текстајлс, но и одлив на работници во Дрекселмајер во Кавадарци и многу од нив во Скопје во Џонсон Мети, Ван Хол, Кемет, Делфај, Технокозе, АРЦ Аутомотив, Дијатек, Монтанте и многу други, изјави Стаменковска.

Според неа, Анѓушев бил принуден да почне да ги зголемува платите на вработените. Како што кажа Стаменковска, Кочо станал нервозен заради тоа и почнало да му пречи Владата на ВМРО ДПМНЕ која со 33 промотори, 5 амбасадори за инвестиции и амбасадори насочени кон економска дипломатија почнаа да носат странски компании и да отвораат нови работни места, па вработените во неговата Брако почнале да добиваат понуди за повисока плата.


– И што сега? Ајде ќе ги попречуваме странските инвестиции за фабриките на Заев и Кочо да не мора да качуваат плати, а за да соберат политички поени минималната плата ќе расте ама Владата од буџетот од парите на сите граѓани ќе им плаќа милиони на газда Кочо, Заев и другите газди како нив, за ем да не губат пари со зголемената минимална плата, ем да немаат странски инвестициии и нови понуди за работа за повисока плата. Па затоа за почеток ќе се преполоват промоторите, а потоа и преостанатите ќе се демотивираат. Ако промоторот нема директни контакти со челните луѓе на Владата и влијае кај нив да ги примат и да им дадат добри услови на инвеститорите и да им влеат доверба, тогаш залудна е нивната работа и залудно е што тие промотори ќе останат. Многу инвеститори нема да дојдат ако не се почувствуваат дека се добредојдени од Владата, рече Стаменковска.

Според неа, поради тоа, Веле Самак кој дошол од САД од Мајкрософт и Сити Банк, заменет е со Рамиз Мерко, Џери Наумоф кој доѓол од Чикаго и неговата „Наумоф груп“ заменет е со Шапуриќ, Бил Павлески кој дошол од Хјули Пакард од Бостон со Самка Ибраимовски, Горан Мицковски кој дошол од Кредит Свис од Лондон со Зорица Апостолоска итн.

– Она што е сигурно СДС и газдите од СДС работат на уништување на концептот на странски директни инвестиции кои отворија над 20 илјади работни места и обезбедија работа над 500 домашни компании. Тоа ќе значи крај за многу нови заинтересирани инвеститори, но и одлив и затворање на постојните странски компании и останување без работа на многу граѓани, заврши Невена Стаменковска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада

А1он

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

Дафина Стојановска: Народот доаѓа по она што Али и Груби му го одзедоа

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ