ССМ: Работничките права се човекови права!

Од:

Предизвиците од заразната болест Ковид-19, уште еднаш го потврдија значењето на синдикалниот слоган- солидарноста пред се, но ја потенцираа и потребата од заедничка акција и делување на сите субјекти во земјава за работниците и граѓаните да се чувствуваат слободни, еднакви и сигурни, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија по повод меѓународен ден на човековите права.

Во соопштението се наведува дека почитувањето на човековите слободи и владеење на правото се уредени и загарантирани со Уставот на Република Северна Македонија, а дека со тоа државава влегува во редот на земји кои функционираат во услови на политичка демократија.

– Човековите права и слободи се основа на правдата и мирот во светот, а работничките права се најважен и неизоставен дел од нив. Заштитата и унапредувањето на работничките права се обврска и статутарна определба на Сојузот на синдикатите на Македонија која континуирано се спроведува, нагласува ССМ.

Според Сојузот, потребно е да се засилат активностите на Владата кои ССМ како репрезентативен синдикат ќе ги поддржи и унапреди на планот на обезбедување на довербата на работниците и граѓаните во државата, како чувар и заштитник на човековите права.

Би можело да ве интересира

Европската конфедерација на синдикати со поддршка на ССМ, за случувањата во Македонија ќе ја известат Европската Комисија

Трендафилов: За да го вратиме балансот, излегуваме на улица

СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ никој не му треба кога е на власт

Горан Наумовски

Трендафилов се појави со Собранието, ни не се сретна „за координација“ со пратеникот Петрушевски

Левица: Ако Мицкоски ги отфрли барањата на ССМ, ќе го достаvime предлогот до Собранието и ќе се мобилизираме за протестите

Катерина Ѓуровски

Трендафилов: Партијата на власт планира да ми ја скине главата

Катерина Ѓуровски